(ФОТО) Брилијантен круг на Расел за првиот пол во кариерата!

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред трката за ГН на Унгарија.
Карлос Саинц Јуниор од Ферари го имаше второто време, а неговиот тимски колега Шарл Леклерк ги заврши квалификациите на третото место.
Расел со неверојатен круг практично успеа да му ја украде пол-позицијата на Саинц и да стигне до првиот пол во кариерата.

Првите 10 ги комплетираа Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Валтери Ботас, Даниел Рикиардо и Макс Верстапен.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ во финалето во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ е во финалето на турнирот во Тел Авив. Србинот во полуфиналето го скрши …