Пике сега навистина претерува – има два бизарни услови за Шакира

Шакира и Пике ја прекинаа врската по 12 години, а сега во моментов се води битка за старателството за нивните синови Саша и Милан.
Ѕвездата на Барселона Жерар Пике и колумбиската пејачка Шакира ставија крај на својата романса, а како што објавија медиумите причината била измамата на фудбалерот.
Во моментов се уште не се знае како ќе го поделат заедничкиот имот, а популарната пејачка инсистирала децата да живеат со неа во Мајами.

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-so-sinovite-3-jpg.jpg
Пике на почетокот не се согласил со тој предлог, бидејќи немаше да може често да се гледа со своите деца, но наводно се согласил на нејзината идеја, но со неколку бизарни услови.
Звучи неверојатно дека богат човек како Пике би ги поставил овие два услови за својата поранешна љубов.
Според „Ел Периодико“, Пике бара од Шакира пет авионски билети од прва класа годишно за да може да ги посетува децата.
Второто барање е Шакира да го плати неговиот даночен долг кон Шпанија, кој изнесува 400.000 долари. Неверојатно, но Пике се однесува како да останал без ниту едно евро.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-i-pike-1.jpg
Како што пишува овој шпански весник, Шакира ќе ги исполни барањата, бидејќи не сака да се расправа со бившиот партнер.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …