За вечера јадеме сосема погрешна храна – лекарите препорачуваат пет намирници, ја решаваат и несоницата

Два до три часа пред спиење, многумина препорачуваат да не јадете ништо. Меѓутоа, ако сте гладни и не сакате да заспиете на празен стомак, можете да ги јадете овие намирници без никакво каење.
За вечера, најпаметно е да изберете нискокалорична храна барем еден час пред спиење. а особено треба да дадете приоритет и да изберете храна која содржи аминокиселина триптофан. Таквата храна не се лепи за стомакот, а може и да ви помогне полесно да заспиете. И тука треба да внимаваме на количината што ја внесуваме.

1. Кефир
Овој производ содржи калциум кој подобро се апсорбира во вечерните часови, како и корисни бактерии кои се добри за варење. Нема многу калории, а треба да изберете која содржи 1-1,5% млечни масти.


2. Мисиркино месо
Друга добра опција за вечера. Оваа храна содржи и малку калории и протеини кои даваат чувство на ситост, а се важни и за добар метаболизам. Обидете се да не претерате и да не земате повеќе од 80 грама.

3. Бадеми
Овие јатки содржат магнезиум, кој делува смирувачки на нервниот систем. Но, бадемите содржат многу калории, па не треба ниту да претерувате со нив.


4. Јаболка
Пред спиење, печените јаболка се подобра опција од свежите. Нискокалорични се и даваат чувство на ситост.

5. Цреши
Одличен извор на гореспоменатиот триптофан, а исто така помагаат и полесно да заспиете. Сепак, ова овошје содржи многу шеќер, па затоа не треба да јадете повеќе од неколку плодови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …