(ВИДЕО) Ѓоковиќ се огласи по повод УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи преку Инстаграм и порача дека ги продолжува подготовките за УС Опен додека чека одговор од Њујорк.
Во моментов српскиот ас не смее да влезе во САД од причина што не е вакциниран.
Новак секојдневно добива поддршка од навивачите, а беше покрената и интернет петиција за да може да учествува на УС Опен.
„Само сакам да ја искористам приликата да споделам со вас колку ми значи вашата поддршка и љубов што ми ја испраќате овие денови. Не ја очекував во толку голем број и затоа мојата благодарност е уште поголема! А навистина големо благодарам од се срце“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм и додаде:

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

loading...

„Голема чест е што толку многу луѓе ја поддржуваат мојата кариера и сакаат повторно да ме видат на терените ширум светот. Продолжувам да се подготвувам и тренирам како да ќе се натпреварувам додека го чекам одговорот дали има некаква можност да патувам во Америка. Ви благодарам и држете ми палци!“


По освојувањето на Вимблдон, Ѓоковиќ престојува во Црна Гора.
Инаку, тој три пати го освои УС Опен – во 2011, 2015 и 2018 година.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …