(ВИДЕО) Интервју Јовче Пандев: „Иницијативата на ‘Дојран Рок Фест’ дава придонес за враќање во културолошка нормалност!“

Кога ќе ја слушнете неговата музика едноставно не можете да не продолжите да го следите неговиот опус. Јовче Пандев е едноставен млад човек кој со својата музика допира до секој – дал по текстовите, дал по музиката, или одличната продукција – едноставно ако сакате квалитетна музика мора да го слушате, бидејќи, во име и на вистината – има и што да се слушне. И’, токму тоа е една од причините што е поканет да учествува на „Дојран Рок Фест 2022“ а ние да го направиме ова интервју…

This image has an empty alt attribute; its file name is jovce-pandev-1.jpg


– Дали за Јовче Пандев може да кажеме дека е конзистентен во својата посветеност на рокенролот?
Вистинската вредност на некаква конзистентност е да останете лојални на музика која не е културолошки деструктивна врз генерациите во развој. Се друго е избор или околности. Труд или среќа. А лично мојата конзистентност кон некаков правец или жанр е развој и еволуира. Што е добро.

– Во една изјава велиш „по кичот треба да пукаме со квалитет“ – имаме ли доволно оружје за таква акција?
Ако секој од нас искрено и чесно, трдољубиво и посвестено работи на тоа, ќе имаме. Ако секој од нас ја освести својата општествена и духовно-морална одговорност, нема како да немаме.


– Неспорно е дека не бегаш од својот музички стил и никому не се додворуваш. Директен си, конкретен во се што го работиш, и ако бидеме искрени – одлично го работиш (од приложеното на ЈуТјуб)?


Ете. Фала ви од срце. Ова го разбирам како препознавање на трудот. Одиме понатаму. Нема компромиси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Социјалното претприемништво како алатка за инклузија- одбележан светскиот ден на лица со попреченост

Вчера, на 4ти декември, во социјалното претпријатие „Кантрисајдретрит“, во с. Опила, Ранковце, се одбележа светскиот …