Илјадници обожаватели на британското кралско семејство во светот деновиве го читаат најинтересното четиво оваа година – книгата „Revenge“ (Одмазда) на британскиот новинар Том Бауер, во која Меган Маркл е опишана преку најлошите можни приказни на поранешните колеги, пријатели и таткото на Томас Маркл.
Том Бауер, познат британски новинар, посветил неколку месеци на истражување на животот на Меган Маркл, а книгата што ја напишал сега се продава како луда на Amazon. Делови од книгата последните денови се појавија на Твитер, а една информација од книгата особено ги погодила обожавателите на британското кралско семејство.
View this post on Instagram
Како што тврди Бауер во книгата, Меган Маркл ја злоставувала малата принцеза Шарлот пред нејзината венчавка со Хари и на малото девојче му кажала дека е дебело. Ова, според книгата, страшно ја погодило Кејт Мидлтон, која се расплакала, а тој настан засекогаш го променил односот меѓу двете јатрви.
На Твитер се активни хаштаговите #MeghanMarkleExposed и #MeghanMarkleBulliedCharlotte, под нив се напишани илјадници објави, а Твитер исто така е преплавен со фотографии од делови од книгата кои би можеле да ја чинат војвотката имиџ.
View this post on Instagram