Овен
Љубов:
Избегнувајте еуфорично расположение во друштво на саканата личност, на овој начин поттикнувате нови сомнежи за вашите намери.
Работа:
Повнимателно анализирајте ги вашите соработници и нивната реакција. Понекогаш е тешко да се одреди вистинската вистина и нечии скриени намери.
Здравје:
Ќе ви годи полесна диета и витаминска исхрана.
Бик
Љубов:
Загрижени сте поради емоционалните дилеми или лошото чувство кое го имате во врска со блиска личност.
Работа:
Има ситуации кои не можете сами да ги решите. Успешните резултати подразбираат тимска работа и доверба.
Здравје:
Ќе ви се допаднат некои од техниките за психолошка релаксација.
Близнаци
Љубов:
Потрудете се да ја израдувате саканата личност на оригинален начин, добрата волја „прави чуда“. Следете ја вашата „идеја водилка“.
Работа:
Деловниот договор се движи во позитивна насока, кога има договор за почитување на различни интереси.
Здравје:
Уживајте во убавите работи, поттикнете го позитивното расположение кај себе.