(ФОТО) ХИЛАРИ СВОНК – ЖИВЕЕЛА ВО ПРИКОЛКА И НЕМАЛА ПАРИ ДА КУПИ ФУСТАН ЗА ОСКАРИТЕ: Еден настан целосно и го променил животот!

Таа го освои својот прв Оскар, а немала пари да плати за фустан на црвениот тепих. Неверојатната приказна за една од најдобрите актерки во Холивуд.
Хилари Свонк наскоро ќе наполни 45. години. Доживеа светска слава, а нејзината приказна, чии детали се непознати дури и за оние кои често ги гледаат филмовите во кои таа се појавува, може да послужи како пример и доказ дека околностите не се оправдување за неуспех.
Убавата Хилари е родена во Линколн како второ дете на Џуди и Стивен Свонк. Таа пораснала во сиромашно семејство кое живеело во приколка во близина на езерото Самиш во Вашингтон.

This image has an empty alt attribute; its file name is hilari-svonk-1-683x1024.jpg
Тоа не ја спречило да игра во театарски претстави како девојче и успешно да се занимава со спорт. Како гимнастичарка освоила државни награди.
Таа била тинејџерка кога нејзините родители решиле да го прекинат бракот. Живеела со мајка и во автомобил, практично биле на улица додека мајка и не „нашла пари“ да им обезбеди сместување.


View this post on Instagram

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)


Поради тешката финансиска состојба Хилари го напуштила средното образование и барала работа – во актерството. Со парите купила храна за себе и за мајка си. Не го запоставила ниту својот татко, дури пред неколку години извесно време се повлекла за да се грижи за него кога тешко се разболел.
И тогаш среќата и се насмевнала на храбрата и талентирана Хилари. Таа добила улога во серијата „Бафи убиецот на вампири“.

This image has an empty alt attribute; its file name is hilari-svonk-2.jpg
Таа била одбиена за улога во хит серијата „Беверли Хилс“, но и излегло одлично бидејќи следеле улогите во филмовите „Момците не плачат“ и „Девојка од милион долари“, за кои беше наградена со Оскар.
После тоа, немаше продуцент кој не ја сакаше во својот филм.
„Афера со ѓердан“, „П.С. те сакам“, „Слободни писатели“, се само дел од продукциите во кои ја видовме.
Таа во своите улоги го дава целото себе, па дури и познатиот Клинт Иствуд имаше само пофални зборови за неа.


This image has an empty alt attribute; its file name is hilari-svonk-3-678x1024.jpg
Но, затоа Хилари ја крие својата приватност колку што може. Она што е познато е дека таа беше во брак со актерот Чед Лоу од кој се разведе набрзо по освојувањето на Оскар (што често е случај во Холивуд), дека се забавуваше со тенисерот Рубен Торес, а сега е во брак со Филип Шнајдер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …