Се врати насмевката на Расел кучето кое пред неколку месеци само се појави пред вратите на „Лајка“ со загноена рана на вратот настаната од заврзана жица

Изминаа 3. месеци од немилиот настан кога Расел се појави пред вратите на прифатилиштето на ЈП Лајка во загрижувачка состојба со длабока рана на вратот како последица од силно заврзана жица.

По неколку месеци стручен надзор и хуман третман во прифатилиштето на ЈП Лајка, Расел во моментот се наоѓа во добра здравствена состојба, раната веќе е во одмината фаза и не чувствува никакви болки при допир на местото каде се уште е видна лузната од раната. Расел без никаков отпор дозволува да му се стави околувратник и оди одлично на поводник.


This image has an empty alt attribute; its file name is rasel.jpg
Насмевката на Расел, неговата желба за живот и радост околу вработените во ЈП Лајка едноствано е неопислива. Ова прекрасно и исклучително мило куче заслужува да си најде дом и вистинско семејство час поскоро. Расел има 2-3години, среден раст е и е микс од стафорд. Обожава да си игра, да трча и скока, сака да биде во друштво на луѓе. Сака да ужива под сенка во природа, има мил карактер и многу сака да се гали. Добро се однесува со други кучиња.

This image has an empty alt attribute; its file name is rasel-1.jpg
Сите заинтересирани за вдомување на Расел може да ги испратат своите пријави на 📧vdomi@lajka.com.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШТРУМФОВИ – АМБАСАДОРИ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕШТВОТО ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МАЛИТЕ ШТРУМФОВИ – ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ДО 9ти декември

#MалиШтрумфовиГолемиЦели Штрумфовите кои се во Ист Гејт Мол до 9 Декември, се главните протагонисти во …