ПОЧИНА АКТЕРОТ БРАНКО ЦВЕЈИЌ! Бане Бумбар не напушти на 75. години

Популарниот актер Бранко Цвејиќ не напушти на 75-годишна возраст.
Тој итно бил префрлен во болница откако му се слошило на театарска проба, а иако бил стабилен, бил во многу тешка состојба и за жал, ја загубил битката.
Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1969. година и оттогаш е постојан член на Југословенскиот драмски театар. Покрај актерството, тој бил и директор на Југословенскиот драмски театар од 2002. до 2011. година. Играл како гостин во театарот Ателје 212 и театарот Звездара.
Да потсетиме, на почетокот на месецот беше објавено дека тој е во тешка состојба поради проблеми со дебелото црево и вода во белите дробови.
Цвејиќ уште од мали нозе имал проблем со белите дробови и срцето.

This image has an empty alt attribute; its file name is branko-cveic-1.jpg
Ќе остане запаметен по улогата на Бане Бумбар во популарната серија „Јагоди во грло“ и Листер од „Семејно богатство“, а многумина го паметат и по улогите во продукциите „Бела Лаѓа“, „Синѓелиќи“, Јагода во супермаркет“, „Биќе подобро“ и други.

loading...

Неговиот татко бил оперски пејач и професор во музичкото училиште „Станковиќ“, Жарко Цвејиќ (1907-1994).
Бранко зад себе ги остави сопругата, синот Жарко и ќерката Бојана, како и внука.

This image has an empty alt attribute; its file name is branko-cveic-2.jpg


Смртта на легендарниот актер Бранко Цвејиќ ја потресе локалната јавност, особено неговите колеги и пријатели.
Српските актери масовно се збогуваат со ценетиот колега и пријател, а меѓу нив е и Мирјана Карановиќ која му посветила емотивна објава на Инстаграм.
„Мојот пријател, партнер на сцената, мојот и наш Цвеја! Секогаш си бил тука за мене. Засекогаш си дел од мојот живот. Многу те сакам Цвеки”, напишала Мирјана Карановиќ на Инстаграм.

Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што …