Пет лековити својства кои ви ги нуди морето, најдобро за крвта

Еден милилитар морска вода содржи илјада честички морска сол. Во текот на еден ден поминат на море, детето вдишува околу 10 милијарди од овие честички, кои имаат лековито дејство на дишните патишта, бронхиите и белите дробови.
Морската сол во воздухот и водата содржи дури триесет и две хемиски соединенија кои се многу важни за правилното функционирање на човечкото тело. Има многу лековити својства на морската сол, а следните пет се најважни за нас.

Ја прочистува крвта и го зголемува нивото на хемоглобин
Јоните на солта во морето продираат низ нашата кожа и влегуваат во крвта, што го стимулира производството на крвни зрнца и го зголемува нивото на хемоглобинот, металниот протеин одговорен за трансферот на кислород до клетките на телото.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is morska-voda.jpeg

Го балансира функционирањето на ендокрините жлезди
Морската сол содржи многу лековити макро и микро елементи (јод, калциум, калиум, магнезиум, сулфур), минерали и катализатори кои го забрзуваат метаболизмот и го подобруваат функционирањето на ендокриниот систем. Покрај тоа, морската сол содржи и многу биолошки стимулатори кои го активираат функционирањето на жлездите преку внатрешното лачење и имаат стимулирачки ефект врз целиот организам.


This image has an empty alt attribute; its file name is prva-sredba-so-more.jpg

Го зајакнува нервниот систем
Морската сол содржи мали количества на смирувачки бром и магнезиум кои поттикнуваат елиминација на вишокот вода. Дејството на овие два елементи го намалува ризикот од добивање главоболка. Морската сол позитивно влијае на рецепторите во кожата и останува во слојот на епидермисот три до четири недели по влегувањето во морето.


Го промовира развојот на менталните способности
Морската вода содржи јод, кој е важен за правилно функционирање на тироидната жлезда и за синтеза на хормони кои го поттикнуваат интелектуалниот развој и ги зајакнуваат менталните способности. Децата кои немаат доволно од овој важен хормон во своето тело можат да заостанат во психофизичкиот развој.

Заштитува од настинки и бронхијална астма
Морската сол го снабдува телото со селен, хемиски елемент неопходен за функционирањето на тироидната жлезда и за одржување на имунитетот.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 65. нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се 3. починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …