(ВИДЕО) ДРАМА ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО – ВОДИТЕЛКАТА ПАДНАЛА ВО НЕСВЕСТ: Гледачите слушнале силен удар, соговорниците веднаш дотрчале!

Преносот бил прекинат откако водителката се онесвестила!
Втората телевизиска дебата во живо меѓу Лиз Трас и Риши Сунак, која требало да им даде одговори на ториевците на прашањата за наследникот на Борис Џонсон, ненадејно завршила откако водителката Кејт МекКен се онесвестила за време на преносот.
Кејт МекКен, политички уредник на TalkTV, колабирала по половина час од програмата, а гледачите слушнале силен удар пред преносот да биде прекинат. Кандидатката Лиз Трас истрчала кај МекКен за да и помогне. Подоцна било потврдено дека Кејт МекКен е добро, но дебатата не продолжила. Сунак и Трус потоа разговарале со публиката во студиото исполнета претежно со читатели на весникот The Sun.


Портпаролот на TalkTV подоцна изјавил: „Кејт МекКен се онесвести и иако е добро, медицинскиот совет беше дека не треба да продолжиме со дебатата. Им се извинуваме на нашите гледачи и слушатели!“. Тоа беше ненадеен и шокантен крај на втората по ред дебата за новото раководство на конзервативците.
Следна на агендата на ториевците е големата партиска конференција во Лидс во четврток, каде што се очекува Риши Сунак и Лиз Трс да добијат наклоност кај членовите на партијата. Риши Сунак е британски политичар кој служел како канцелар на финансии, а претходно бил главен секретар на Министерството за финансии. На 8. јули 2022. година, тој ја објави својата кандидатура да го замени Џонсон на изборите за лидер на Конзервативната партија. Мери Елизабет Трус е британска политичарка која беше пратеничка во Југозападен Норфолк. Таа е министер за надворешни работи од 2021. година, а министер за жени и еднаквост од 2019. година. Таа имаше различни позиции во кабинетот на премиерите Дејвид Камерон, Тереза ​​Меј и Борис Џонсон. Трус се кандидира и на изборите за лидер на Конзервативната партија во 2022. година за да го замени Џонсон како премиер.

Погледнете го клипот:


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …