(ВИДЕО+ФОТО) ЗА ВРЕМЕ НА ВОЈНАТА – Олена и Володимир Зеленски позирале за Вог: „Се радуваме на победата на Украина!“

Олена Зеленска и Володимир Зеленски се појавија во новото издание на магазинот „Вог“. Тие зборуваат за нивниот брак и војната во Украина.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

loading...


Имено, првата дама на Украина изјавила дека го запознала Володимир во средно училиште. Започнале да се забавуваат додека студирале, а во 2003. година ја основале продуцентската куќа Квартал 95.
Ја снимале сатиричната програма „Вечерен квартал“ во која тој бил главна ѕвезда, а таа го пишувала сценариото.
„Хуморот не зближи. На почетокот на врската правеше шеги на моја сметка“, изјавила таа.
Володимир раскажал дека прво го привлекла нејзината убавина, а се заљубил во неа кога подобро ја запознал.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Откако започнала војната во Украина, тој од безбедносни причини се разделил од Олена и нивните деца Александра и Кирил.
„Не знам како ќе ги издржев овие неколку месеци ако требаше да се разделам од нив. На Володимир му е многу потешко. Тој страда, а и децата затоа што не можат да се видат”, изјавила Олена.
Володимир рекол дека е многу загрижен за безбедноста на своето семејство, но дека не сака да ги доведе во уште поголема опасност доколку повторно се сретнат.
„Олена е мојата љубов, но и мојата најдобра пријателка. Таа е патриот, многу ја сака Украина. Исто така, таа е прекрасна мајка“, додал тој.


View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Меѓу другото, Олена рекла дека ова биле најлошите месеци во нејзиниот живот и животот на секој жител на Украина.
„Се радуваме на победата. Не се сомневаме во победата. Токму тоа ни дава сила да продолжиме“, рекла таа.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Интервјуто е снимено во Киев, а за фотографиите е заслужна легендарната Ени Лејбовиц.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …