Шест децении откако почна да се занимава со бодибилдинг, Арнолд Шварценегер сè уште вежба секој ден. Легендата на бодибилдингот, актер и поранешен политичар на 30. јули ќе наполни 75. години, а секој ден вежба по час и половина. Тој вози велосипед од 45. до 60. минути и крева тегови 30. минути.
Вежбањето му е исто толку важно како и јадењето и спиењето. И отсекогаш било така, вели тој за Insider.
„Сега вежбам за да останам во форма колку што можам повеќе бидејќи сум постар“, рекол тој.
Одржувањето на мускулната маса е многу полесно отколку да се изгради. Сепак, мускулната маса постепено почнува да се намалува по 40-тата година од животот.
View this post on Instagram
„Секој ден правам получасовен тренинг за одржување. Важно е да сум редовен“, додава Шварценегер.
Порано вежбал пет часа дневно
Шварценегер почнал да крева тегови како тинејџер во својата родна Австрија, а во 1970. година, на 23-годишна возраст, станал најмладиот победник на Mr. Olympia, кое се смета за најпрестижно натпреварување во бодибилдинг. Тоа беше негов прв натпревар на кој учествуваше. Тој победи уште шест пати помеѓу 1970. и 1980. година.
Како натпреварувачки бодибилдер, тој кревал тегови по пет часа дневно. Со текот на годините, тоа време постепено се намалувало, а вежбите ги прилагодувал во зависност од целта или актерската улога. На пример, за неговата улога во комедијата Stay Hungry од 1976. година, режисерот побарал од него да ослабне 12. килограми.
View this post on Instagram
„Одличното нешто во бодибилдингот и тренингот со тегови е тоа што можете да го приспособите за да го обликувате вашето тело според вашите потреби“, тврди познатиот снагатор.
„Фитнесот е како партија шах“
Шварценегер го споредува фитнесот со партија шах бидејќи има толку многу различни потези што можете да ги направите. „Без разлика дали сакате да ја промените вашата фигура или вашата цел е здравјето, тоа може да се постигне со правилен тренинг и исхрана“, забележува тој.
„Има милиони движења што можете да ги правите, милиони вежби, милиони принципи за тренирање, исто како со додатоците во исхраната и со исхраната“, рекол Шварценегер, кој основал компанија за спортски додатоци во 2018. година со четирикратниот шампион во НБА, Леброн Џејмс.
View this post on Instagram
„Ако сакате да се здебелите, ако сакате да изгубите тежина, ако сакате да ја одржите тежината, ако сакате да добиете повеќе енергија, што и да е, можете да ги обликувате вашите тренинзи и вашата исхрана и да направите корекции“, заклучил Шварценегер.
Фото: Принтскрин/Instagram