(ФОТО) ПОЛСКА СО УКРАИНА – Ова е моментално еден од најпопуларните сувенири што се продаваат во Варшава

Тоалетната хартија со ликот на рускиот претседател Владимир Путин и натписот „Путин, е*и се“ е еден од најпопуларните сувенири што во моментов може да се купат во Варшава.
Главниот град на Полска е полн со потсетувања на војната што се води на само неколку стотици километри од Варшава.

loading...

Заедно со слики и магнети на најпознатиот Полјак, Св. Јован Павле Втори, во Полска статус на светец моментално има и украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија слика може да се најде и на магнети и сликички.
Полската поддршка за Украина е непоколеблива и остра. Полската влада се смета себеси за главен заштитник на Украина во Европа, поддржувајќи опсежни санкции против Русија. Полска го прифати најголемиот број украински бегалци во цела Европа (над 3. милиони) според УНХЦР. Полската јавност, исто така, го прави својот дел – во неделата се појавија извештаи дека напорите за собирање средства за купување турски дрон Bayraktar за украинските вооружени сили биле успешни, при што Полјаците собрале 22,5 милиони злоти (околу 5 милиони американски долари).
Таквата жестока поддршка, се разбира, ја оптовари инфраструктурата и економијата на Полска, но ентузијазмот за нивните источни соседи не покажува знаци на намалување пишува The Telegraph.

Фото: Принтскрин/Facebook/TheTelkegraph.co.uk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …