Колку повеќе влакна, толку подобро: Еве кој зеленчук може да го намали холестеролот

ХОЛЕСТЕРОЛОТ може да биде комплексен проблем. Од една страна, на телото му е потребен за многу различни функции, а од друга страна, премногу холестерол може да ги зголеми шансите за развој на срцеви заболувања. Што предизвикува висок холестерол и што може да се направи за поефикасно да се управува со него?
„Откриваме сè повеќе за тоа што влијае на нивото на холестерол кај една личност, од генетика до исхрана до навики за животниот стил. Станува сè појасно дека генетиката игра голема улога во тоа како телото го обработува холестеролот“, вели диететичарот Триста Бест за Eat This.
Сепак, постојат некои навики во исхраната кои можат да доведат до висок холестерол или да го влошат, како и оние кои можат да помогнат да се намали холестеролот и да се контролира неговото ниво. Одреден зеленчук може да ви помогне да го намалите холестеролот, што ви го откриваме подолу.

Спанаќ
Спанаќот е преполн со витамини, минерали и хранливи материи кои му се потребни на вашето тело, особено кога станува збор за управување со здравјето на срцето.
„Влакната може да го намалат лошиот холестерол кој циркулира во телото. Влакната ќе го привлечат холестеролот и природно ќе го отстранат од телото, а со тоа ќе го намалат. Покрај спанаќот, за намалување на холестеролот можете да консумирате и моркови и блитва“, посочува Бест.

loading...

Аспарагус
Иако тие се една од најмалку хидратантните намирници и треба да се избегнуваат на топло време, аспарагусот има многу корисни хранливи материи.
„Аспарагусот содржи витамини, минерали, влакна и други хранливи материи кои можат да помогнат во одржување на здравјето на срцето. Богат со фолати, аспарагусот помага и во намалување на нивото на хомоцистеин во телото, што може да ја подобри циркулацијата и да го намали ризикот од срцеви заболувања“, вели диететичарот Џенет Колман.

Брокула
Брокулата е разноврсна, вкусна и полна со хранливи материи здрави за срцето кои помагаат да се контролира холестеролот.
„Брокулата е уште еден одличен зеленчук за намалување на холестеролот бидејќи е богат со влакна и витамин Ц. Брокулата содржи и бета-каротен, кој помага да се спречи оксидација на ЛДЛ холестеролот во крвотокот“, забележува Колман.


This image has an empty alt attribute; its file name is prokelj.jpg

Бриселски зелкички
На љубителите на бриселски зелкички ова дефинитивно ќе им се допадне.
„Бриселските зелкички се преполни со антиоксиданси и антиинфламаторни својства кои помагаат во заштитата од срцеви заболувања. Тие се исто така одличен извор на витамин Ц, кој помага во одржување на здрави крвни садови и на тој начин го намалува крвниот притисок“, вели Колман.


Артичока
Артичоката ретко се наоѓа на нашето мени, но тие се полни со витамини и минерали кои можат да помогнат во контролата на холестеролот, па затоа вреди да ги јадете почесто.
„Артичоките се богати со растителни влакна, магнезиум и антиоксиданси како витамин Ц и бета-каротен. Тие исто така содржат витамин К, кој помага да се спречи згрутчување на крвта во артериите. Артичоката исто така може да помогне да се намали воспалението низ телото“, вели Колман.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто 33 % жени со полицистични јајници имаат прекумерна тежина?

Поновите истражувања сведочат дека 33 % женисоСиндром на полицистични јајници (PCOS) се борат со прекумерна …