Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, триумфираше на Големата награда на Франција, 12-та трка од овогодинешниот шампионат, која ја одбележа и повлекувањето на Шарл Леклер во моментите кога тој сигурно водеше.
Возачот на Ред Бул ја постигна седмата победа сезонава и 27-та во кариерата на патеката „Пол Рикар“, бидејќи не погледна наназад од моментот кога Монегаскиецот се откажа.
WINNER 🏆 WINNER 🏆
Well done @Max33Verstappen 👊#FrenchGP #F1 pic.twitter.com/ANWctfAYoQ
— Formula 1 (@F1) July 24, 2022
Второто место го зазеде Луис Хамилтон во Мерцедес, на 300. трка во кариерата, додека неговиот тимски колега Џорџ Расел е на третото скалило на подиумот. Помладиот од двајцата Британци стигна до подиумот откако во самиот финиш успеа да го надмудри другиот возач на Ред Бул Серхио Перез.
Фото: Принтскрин/Twitter