Совети кои ќе ви бидат корисни на ПЛАЖА: Овие 7. работи никогаш не треба да ги правите

Треба да се приржувате до овие совети…
Повремено нанесување крем со заштитен фактор не е доволно за целосно да се заштитите од ефектите на постојано јакото сонце.
Многумина ги прават токму овие работи и прават голема грешка – еве што не смеете да си дозволите кога ќе решите да се предадете на привлечноста на сонцето на море, покрај река или покрај базен:
Не смеете првпат да нанесувате крема за сончање на плажа: Кремот за сончање се нанесува 15. до 30. минути пред да излезете на сонце и да одите на плажа.
Кремот не смеете да го оставате на сонце: Високата температура може да ја промени формулата на кремот или лосионот за сончање и со тоа да ги направи помалку ефикасни. Секогаш чувајте ги во чантата што ја носите на плажа, или покријте ги со крпа, маица…

This image has an empty alt attribute; its file name is na-plaza-2.jpg
Не смеете 100 отсто да се потпрете на заштитниот фактор кој според упатствата го содржи вашата шминка: Ви треба вистинска заштита, производите за убавина не содржат доволно од неа.
Не смеете да се излежувате на сонце кога ќе потемните: Бронзениот тен не заштитува никого од штетното сончево зрачење, а во овој случај мора да нанесувате и заштитна крема или млеко на кожата во редовни интервали.
Пред да дојдете на плажа (или на самата плажа), не смеете да нанесувате производи кои имаат состојки против стареење или оние против мозолчиња: Во комбинација со сонце, агресивните киселини кои се наоѓаат во кремите и геловите за лице може да ја направат кожата многу чувствителна.


This image has an empty alt attribute; its file name is na-plaza.jpg
За да избегнете проблеми, треба да користите само хидратантни креми пред да одите на сонце.
Не смеете да оставате шише со вода на сонце: Шишињата со вода оставени на сонце со часови ослободуваат хемикалии од пластиката.
Секако, нема да умрете од тоа, но нема стручњак кој не предупредува дека не е здраво да се внесуваат во организмот. Никогаш не се знае, затоа секогаш чувајте ги под сенка, покријте ги со облека или ставете ги во кеса.
Не смеете да јадете агруми или да ги цедите на сонце: Иако се многу здрави и содржат голема количина на витамин Ц, овие овошја кои многумина ги носат на плажа, а особено лимоните кои најчесто ги цедат за децата, можат, во комбинација со сонцето, да доведат до хемиска реакција и гаден осип.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …