(ФОТО) За Леклер пол позиција во Франција, второто и третото место за Ред Бул

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата пред трката за Големата награда на Франција.
Макс Верстапен ги заврши квалификациите втор, а Серхио Перез трет.
Ова е седми пат оваа сезона возачот на Ферари да се најде на првата стартна позиција на трката.


Првите 10 ги комплетираа Луис Хамилтон, Ландо Норис, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Јуки Цунода, Даниел Рикардо и Естебан Окон, со оглед дека поради двајцата возачи имаше поместување на местата.
Уште пред почетокот на квалификациите се знаеше дека во недела од последниот ред ќе стартуваат Карлос Саинц од Ферари и Кевин Магнусен од Хас поради промена на моторот.

Неделната трка е закажана од 15 часот.
Целосната акција од Франција викендов следете ја ексклузивно на Спорт Клуб 1.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Може и 0 па 1“: Ден после победата и шампионската фотосесија на Новак Ѓоковиќ!

„Може да биде 0, па 1“, низ смеа одговорил Новак Ѓоковиќ кога организаторите на турнирот …