(ФОТО) Халанд станал муслиман? Неговата објава ги изненадила фановите!

ЕРЛИНГ ХАЛАНД стана еден од најскапите играчи во историјата во овој преоден рок. Манчестер Сити за него мораше да и плати на Борусија Дортмунд „само“ 60 милиони евра, но кога ќе се вклучат сите хонорари кон играчот и агентите и платата, вредноста на трансферот е блиску до цифрата од 300. милиони евра.
Халанд се уште не дебитирал за Сити, а се надева дека тоа ќе го направи на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен. Непосредно пред тестот со германскиот шампион, Халанд напишал објава која брзо станала хит. Ќе дебитирам против Баерн, иншалах“, напишал тој.

Иншалах е добро позната исламска изрека која преведена од арапски значи „ако даде Бог“ и е вообичаена при нивниот изговор. Повеќето обожаватели беа изненадени од неговиот избор на зборови, а некои дури се посомневаа дека Халанд преминал во ислам. Норвешкиот напаѓач претходно во кариерата имаше објави во кои користеше муслимански термини, но никогаш официјално не се изјасни дека е од таа религија.



Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КРАЈ НА ГРУПНАТА ФАЗА – Пред нас е голем ден на Светското првенство: Србија сака да се одмазди – се збогуваме со фаворитот од сенка?

Остануваат уште четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар и тие се …