Витаминска бомба: Најдобра салата за зајакнување на имунитетот

Салата за зајакнување на имунитетот
Во последно време видовме колку ни е потребен силен имунитет. Јадете ја оваа салата колку што е можно почесто и ќе бидете поздрави од било кога.
Потребно е:
1 големо цвекло
1 голем морков
3 чешниња лук
1 лимон
малку ореви
маслиново масло
сол и црн пипер
Во салатата можете да ставите сирово цвекло или можете да го сварите за да стане малку помеко. Ако сте се одлучиле за сурово, само излупете го и изрендајте го, а ако сакате варено, варете го додека не можете да го прободите со вилушка. Кога цвеклото ќе се свари, ставете го во ладна вода да се излади. Излупете го и изрендајте го во сад.
Морковите можете да ги изрендате и сирови или варени, по вкус. Потоа ситно исецкајте го лукот. Издробете ги оревите, а количината на оревите сами одберете ја. Следно што треба да направите е да исцедите сок од цел лимон.
Откако ќе го направите сето тоа, ставете ги состојките во сад. Додадете маслиново масло или друго масло по вкус. Секогаш е подобро на почетокот да се прелива помалку масло, а потоа да се додаде уште по потреба, за да не биде премногу мрсна салатата. Потоа додадете сол и бибер и на крајот додадете сок од лимон. Сето ова убаво измешајте го, поклопете и ставете го во фрижидер убаво да се излади.
Пријатно!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …