Новата ѕвезда на Челзи, Конор Галагер, е автор на еден од најлошите пенали што сме ги виделе во последните години. На натпреварот против Шарлот тој прописно се обрукал.
Галагер, дете на клубот од Стемфорд Бриџ, минатата сезона ја мина на позајмица во Кристал Палас, каде со фантастични настапи се стекна со статус на англиски репрезентативец.
Секако, Челзи веднаш го врати од позајмица и го „турна“ во прв план, а очекувањата од него се огромни. Сепак, тој ќе сака што побрзо да го заборави натпреварот одигран синоќа.
Челзи поведе на пријателскиот натпревар во Северна Каролина против Шарлот со голот на Кристијан Пулишиќ, но домашните израмнија од пенал преку Даниел Риос.
Gallagher 😬😬 pic.twitter.com/RT2PY9ULLs
— ESPN FC (@ESPNFC) July 21, 2022
Следуваше пенал за да се реши победникот, а тимот на Шарлот таму подобро се снајде, кој победи благодарение на срамно изведениот пенал на Конор Галагер.
Младата ѕвезда на Челзи се обиде да го исмее голманот на американскиот тим, но на крајот тие му се смееја. Голманот не наседнал на „паненктата“, ниту пак играчот од средниот ред на англиската репрезентација успеал да го направи тоа што го сакал, па гледачите останале во чудо по овој потег.
Фото: Принтскрин/Twitter