(ВИДЕО+ФОТО) ЈАКНЕЊЕ НА БРЕНДОТ – Хаби Ламе го претставил новиот дрес на Јувентус со одлично промотивно видео, навивачите биле воодушевени!

Екипата на Јувентус и најследениот ТикТокер во светот, Хаби Лама, го претставија новиот гостински дрес на Старата дама за следната сезона, чиј дизајн ги воодушеви навивачите на овој клуб.
Популарните „бјанконери“ не само што работат на засилување на тимот во однос на трансферите, туку вредно работат и на зајакнување на брендот и во таа насока секогаш се трудат дополнително да ги забавуваат и израдуваат своите фанови на социјалните мрежи. Откако го потпишаа стоперот Глисон Бремер за клубот, клубот го претстави новиот дрес за гостувања.
За промотивното видео каде го претставија новиот гостински дрес од ПР и маркетинг секторот на Јувентус, тие решија целосно да му го посветат вниманието на Каби и во таа насока не ангажираа ниту еден друг играч, барем до официјалната објава која беше снимена во Лос Анџелес.

На промотивното видео се гледа како Каби го менува домашниот дрес на Јувентус за гостинскиот по „гром“. Додека се шета по улица, познатиот ТикТокер првично слуша гром, по што го „удрил гром“ и му го менува дресот.
Ламе е познат по неговите саркастично едноставни клипови со кои се исмејуваат премногу сложени хакови додека при тоа ги одржуваат неговите изрази на лицето и говорот на телото опуштени, покажувајќи дека овие ситуации се бизарни.


Важно е да се спомене дека Хаби стана најследен TikToker минатиот месец.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ – Навивач втрчал на теренот и го преплашил Меси: Поради бурната реакција на обезбедувањето останал без автограм!

Фудбалската репрезентација на Аргентина во пријателски натпревар ја совлада Јамајка со 3:0, а покрај двата …