Британско-австралиската актерка Миријам Марголис тврди дека никогаш нема да го заборави непријатниот инцидент што ѝ го приредил Арнолд Шварценегер во 1990-тите.
Имено, актерката која е најпозната по улогата на професорката Помона Спроут во филмовите за Хари Потер неодамна гостувала во подкастот „I’ve Got News For You“, кога раскажала анегдота од снимањето.
„Шварценегер е премногу полн со себе. Тој всушност беше прилично груб. Ми прдна во лице. И јас прдам, се разбира дека прдам, но не прдам во лицата на луѓето. Тој го направи тоа намерно, токму во моето лице”, рекла таа.
Водителот прашал како дошло до инцидентот, а Марголис објаснила: „Ја глумев сестрата на Сатана и неговиот лик ме убиваше, па ме држеше во положба од која не можев да избегам, лежејќи на подот. И додека бевме во таа позиција, тој прдна“, објаснила таа.
„Не беше ни во филмот, беше на една од паузите, но не му простив“, додала актерката.
Марголис глумеше заедно со Шварценегер во хорор филмот „Крај на деновите“ од 1999. година, во кој детектив од Њујорк мора да заштити млада жена која е избрана да го започне Антихристот со сатаната.
Miriam Margolyes claims Arnold @Schwarzenegger FARTED on her
Listen to the full interview here: https://t.co/MMhnaQbslG | @newscomauHQ pic.twitter.com/PWWqCkNPxm
— Andrew Bucklow (@ACBucklow) July 17, 2022
Фото: Принтскрин/Twitter