Фотографија која кажува многу: Додека принцот Алберт радосно се смее со гостите, Шарлин не може да ја сокрие тагата

Принцезата Шарлин и принцот Алберт ги пречекале гостите во палатата, а таа едвај успеала да се насмевне. Иако по долго отсуство се врати кај семејството, прво поради посетата на родната Јужна Африка која беше продолжена поради нејзината здравствена состојба, а потоа престојот во институција во Швајцарија, за лошата состојба на бракот на принцот Алберт и принцезата Шарлин не престанува да се зборува.
Гласините беа поттикнати од фактот дека Шарлин неодамна го пропушти „Балот на розите“, традиционалниот годишен собир на монегаското кралско семејство, а потоа ја изненади јавноста со своето појавување во палатата Грималди, а на социјалните мрежи кружат фотографии на кои таа конечно се смешка.

Сепак, оваа ретка вистинска насмевка брзо исчезна од лицето на принцезата Шарлин. На официјалниот Инстаграм на палатата во Монако беа објавени фотографии од принцот Алберт и принцезата Шарлин со нивните гости, а впечатлива е драстичната разлика во расположението меѓу кралските сопружници.
Додека Алберт широко се насмевнува, Шарлин едвај успеала да измами слаба насмевка и така уште еднаш ја оправдала титулата „најтажната принцеза“.
За потсетување, Шарлин неодамна ги загрижила фановите објавувајќи го својот дигитален портрет на Инстаграм. Станува збор за NFT колекција создадена од уметникот Junaid Sénéchal-Senekal за фондацијата на принцезата, која им помага на децата во Јужноафриканската Република.



Сепак, добрата намера остана во сенка на загрижени коментари, бидејќи на овој необичен портрет лицето на принцезата е искршено на квадрати, што изгледа како да е зад затворските решетки.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, …