Познати околностите за смртта на Ивана Трамп: Пронајдена е на дното од скалите во несвесна состојба

ИВАНА ТРАМП почина на 73-годишна возраст во својот дом во Њујорк, а сега се познати дел од околностите на нејзината смрт. Ивана вчера нешто пред 13. часот е пронајдена во несвест на дното од скалите во нејзината куќа на Менхетен, пишува Daily Mail.
Инспекторите допрва треба да ја утврдат точната причина за смртта и околностите, но се верува дека станува збор за случајно, а не за кривично дело. Се претпоставува дека Ивана доживеала некаков напад, по што најверојатно паднала по скалите. Се истражува дали дошло до срцев удар.

Синот веднаш се упатил кон куќата на Ивана
Нејзината куќна помошничка и асистентка последен пат ја виделе жива во средата околу 16:30 часот кога излегле од нејзиниот дом. Телото го пронашле вработените на Ивана, а потоа повикале полиција.
Откако Ивана била прогласена за мртва, нејзиниот син Ерик Трамп дошол во нејзиниот дом. „Ова беше многу тажен ден, многу тажен ден“, им рекол тој на новинарите откако го напуштил домот на неговата мајка во близина на Централ Парк.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is ivana-i-donald-tramp-723x1024.jpg

Таа се подготвувала за летниот одмор
Ивана вчера имала состанок со фризерката бидејќи ги правела последните подготовки за патувањето во Св. Тропе. Фатих Чакирч, брат на сопственикот на салонот Салих Чакирч, изјавил дека Салих ја средувал косата на Ивана веќе 20. години.
„И јас ја познавам 20 години. Таа беше многу убава жена, шокирани сме и тажни. Таа имаше термин денес во 14. часот и нејзината куќна помошничка го откажа. Знам дека требаше да оди во Сент Тропе до септември. Ја видов минатиот петок кога дојде во салонот, и ја средив косата. Одлична беше, ништо не и недостасуваше. Изгледаше многу здраво и среќно“, изјавил вчера Фатих по смртта на Ивана.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 96 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …