Стапалата може да откријат зголемен холестерол: Обрнете внимание на овие тешкотии!

Важно е на време да ги забележите знаците што вашето тело ви ги испраќа…
Нездравиот начин на живот може да влијае на појавата на разни проблеми. Премногу масна и зачинета храна, недостаток на физичка активност, алкохол, цигари, јадење голема количина храна, сето тоа може да доведе до зголемување на лошиот холестерол во крвта.
Доколку ги надмине дозволените вредности може да биде исклучително опасно за нашето здравје. Вишокот холестерол има тенденција да се залепи на внатрешните ѕидови на крвните садови, што може да предизвика болести како што се мозочен удар, висок крвен притисок, атеросклероза, срцеви заболувања, болести на бубрезите итн.

This image has an empty alt attribute; its file name is ubavi-i-mazni-stapala.jpg
Поради сето ова, исклучително е важно да внимавате на предупредувачките знаци кои ви ги испраќа телото. Зголеменото ниво на лош холестерол во крвта може да се одрази на стапалата. На пример, нежни и кршливи нокти кои растат бавно може да бидат еден од знаците. Но, нежните и кршливи нокти може да укажуваат на тоа дека на вашето тело му недостасува калциум или други минерали.
Честите грчеви и чувството на вкочанетост во стапалата исто така може да бидат еден од показателите дека вашиот кардиоваскуларен систем не работи најдобро. Кај периферните васкуларни заболувања, крвните садови се стеснуваат или блокираат, ограничувајќи го протокот на крв во стапалата.
Периферната васкуларна болест (ПВД), верувале или не, може да го забави растот на влакната на нозете. Исто така, промените на кожата може да бидат аларм. Црвеникаво-сината или бледата боја на кожата може да укажуваат на проблеми со холестеролот.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Единствената принцеза што смее да ја носи: Шарлин од Монако во проѕирна кошула поставила нов моден предизвик

Принцезата Шарлин од Монако присуствувала на свеченото отворање на продавница за луксузни часовници во Монте …