(ВИДЕО) Мајката на тројки покажала како изгледа нејзиниот ден, луѓето биле исцрпени од самото гледање

ТЕШКО е со новороденче. Замислете како би се чувствувале кога би имале три од нив. Токму ова е секојдневието на мајката Дани Круик, која на TikTok покажа како изгледа секојдневниот ритам со тројките кои ги родила во мај.
Нејзиниот ден започнува во 5:30, кога бебињата се будат за првото хранење. Потоа спијат уште малку, а Дани првпат се измолзува, што го прави уште седум пати на ден.
Додека нејзините бебиња спијат, таа ја користи можноста да ги подготви нивните шишиња и да направи некои домашни работи, пред да бидат подготвени за следното хранење во 8:30 часот.
Дани потоа прави уште неколку домашни работи и си игра со своето постаро дете, нејзината тригодишна ќерка Били. А потоа во 11:30 тројките се спремни за уште млеко. По второто хранење, семејството оди на прошетка до 14:30 часот, кога следи следното хранење. Бебињата потоа се враќаат на спиење, а потоа играње.
После тоа, мајката ги капе децата, а во 17. часот и 30. минути повторно ги храни. Бебињата потоа одат на спиење, а во 20:30 и 23:30 повторно се будат за хранење. Дани се измолзува и се обидува да заспие, а нејзиниот сопруг се грижи за ноќното хранење во 02:30 часот.

@danicruik Forgot to mention nappy changes, preparing meals for the family, Billie’s bedtime routine and 1,000 other things but you get the idea #tripletfamily #tripletmum #tripletsoftiktok ♬ BARELY BREATHING – Grant Averill


„Заборавив да спомнам менување пелени, подготвување оброци за семејството, рутината на Били пред спиење и уште 1000 работи, но ја разбирате идејата“, напишала Дани.
Одговарајќи на видеото, луѓето признале дека биле исцрпени само гледајќи го видеото.
„Искрено, уморен сум само да гледам“, „Се надевам дека имаш некој да ти помогне“, „Ти си суперѕвезда“, велат луѓето во делот за коментари.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …