Во еквадорската ЛигаПро Серија А е постигнат фантастичен гол.
Играчот од средниот ред Фернандо Гаибор постигна спектакуларен гол од 70,9 метри и со тоа стана вирален хит на интернет.
Неверојатниот гол е постигнат во последната минута од дуелот меѓу Индепендиенте дел Вале и Кумбаја.
Стрелецот Гаибор извонредно ја зеде топката по корнер и тргна во контра. Кога видел дека противничкиот голман Бенџамин Карденас е подалеку од неговиот гол,одлучи да го проба својот шут за да го постигне скоро неверојатното, на огромно задоволство на навивачите и коментаторите Гаибор ја погоди целта постигна гол каков што ретко се гледа.
Сепак, светскиот рекорд и понатаму го држи босанскиот голман Асмир Беговиќ, кој во 2013 година на натпреварот од англиската Премиер лига помеѓу Стоук Сити и Саутемптон постигна гол од неверојатни 91,9 метри.
Што се однесува до Колумбија, Гајбор постави нов рекорд кој претходно го држеше Јерсон Кандело со гол од 58,2 метри.
Фото: Принтскрин/YouTube