(ФОТО) СЛУЧАЈ ЃОКОВИЌ – На повидок е голем пресврт: На Новак ќе му биде укината тригодишната забрана за влез во Австралија

„Daily Mail“ денеска пишува дека новиот австралиски премиер Ентони Албанезе е голем љубител на тенисот и дека е многу поблаг од неговите претходници, а забраната на Ѓоковиќ за влез во земјата поради невакцинација може да биде укината.
Според последните информации, се чини дека Новак Ѓоковиќ сепак ќе може да игра на „Австралија опен 2023“. „Daily Mail“ денеска пишува дека новиот австралиски премиер Ентони Албанезе е голем љубител на тенисот и дека е многу поблаг од неговите претходници, а забраната на Ѓоковиќ за влез во земјата поради невакцинирање може да биде укината поради.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)



Трката со Надал
По освојувањето на Вимблдон, Ѓоковиќ дојде до освоени вкупно 21. Грен слем титули, заостанувајќи една помалку зад Рафаел Надал. Сепак, се чини дека следниот пат кога ќе има право на настап на Грен слем ќе биде следната година на Ролан Гарос, бидејќи не може да влезе во САД без вакцинација, а има тригодишна забрана за влез во Австралија.
– Се поизвесно е дека забраната на Ѓоковиќ за влез во земјата ќе биде укината. Премиерот Албанезе му е понаклонет од неговите претходници. Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“ во јануари следната година, бидејќи се поизвесно е дека ќе му биде укината тригодишната забрана за влез во земјата, пишува „Daily Mail“ и додава:

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Оптимистичка вест
– Премиерот има близок дијалог со „Тенис Австралија“, многу поблизок од претходната администрација и има намера да ја укине тригодишната забрана по меѓународниот инцидент од почетокот на годинава …
Така, од Австралија за Ѓоковиќ пристигнуваат оптимистички вести, кои се надеваат дека ситуацијата ќе се промени и во САД и дека ќе има право на настап на УС Опен.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …