(ФОТО) НА ОСТРОВОТ ПРИСТИГНАЛ НЕЛЕГАЛНО – Легендарниот спортист шокирал со својата исповед: „Јас се викам Хусеин и бев жртва на трговија со луѓе!“

Во документарец на Би-Би-Си, успешниот британски спортист Мо Фарах (39) го шокираше светот со признавањето дека како дете бил илегално донесен во Обединетото Кралство како жртва на трговија со луѓе и дека на почетокот бил принуден да работи како слуга.
Најуспешниот тркач на долги патеки на сите времиња откри дека го добил името Мохамед Фарах од истите луѓе кои го донеле на Островот, а неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин.
Како деветгодишно момче го донеле од Џибути, а кога пристигнал бил принуден да се грижи за децата на едно семејство.
Легендарниот спортист претходно тврдеше дека на Островот пристигнал од Сомалија како дете бегалец, додека сега е откриено дека неговиот татко Абди бил убиен во немирите во Сомалија кога тој имал само четири години.


Фарах вели дека имал осум или девет години кога го одвеле од дома за да биде со семејството во Џибути и жената која подоцна го однела во Обединетото Кралство му рекла дека ќе се види со семејството, па затоа бил возбуден поради тоа.
Меѓутоа, жената го однела во Лондон и ги искинала сите документи пред него во кои се споменувале неговото вистинско семејство.
„Таа ги искина документите пред мене и ги фрли во ѓубре. Тогаш знаев дека сум во неволја. Морав да работам по дома и да се грижам за децата ако сакам да јадам. Често се заклучував и плачев во бањата“, открил Мо.


Семејството каде што бил принуден да работи прво не го пуштило да оди на училиште, но потоа на 12. години сепак бил испратен на училиште.
Неговиот професор по физичко образование Алан Воткинсон ја забележал трансформацијата на момчето кога ќе се појавел на атлетската патека.
„Единствено што можев да направам за да избегам од мојата ситуација беше да излезам надвор и да трчам“, рекол Фарах.
Откако му се доверил на Воткинсон, наставникот по физичко се јавил во социјалните служби и успеа да го смести Мо со друго семејство од Сомалија.


„Сè уште ми недостигаше моето семејство, но од тој момент сè беше подобро. Чувствував дека многу грижи се тргнати од моите раменици. Се чувствував дека тоа сум јас. Тогаш излезе Мо, вистинскиот Мо“, рекол тој, меѓу другите работи.
Подоцна, Фарах почна да се докажува како спортист и додал дека сака неговата приказна да поттикне дискусија за трговијата со луѓе и ропството.


„Не знаев дека толку многу луѓе го поминуваат истото како мене. Тоа само покажува колку имав среќа. Она што ме спаси, што ме издвојува од другите е тоа што можам да трчам”, открил Фарах.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Македонија ја победи Малта но со многу мака

Македонската фудбалска репрезентација со многу мака дојде до победа против Малта на стартот на квалификаците …