Репертоар на 21. CINEDAYS за 12.07.2022 (вторник)

ГТЦ Кров
20:30 часот

Одлука за заминување– Гала селекција
Сценарио и режија: Парк ЧанВок


Кога маж загинува на планина, случајот го добива детекти- вот Хе-Чон. Тој ја испитува Со-Ре, сопругата на починатиот, која е рамнодушна на смртта на сопругот, што ја прави со- вршениот виновник. Но чувствата што му се раѓаат за неа, го исфрлаат од колосек…
Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кино Милениум
20:30 часот


Тори и Локита- Гала селекција
Режија: Жан ПиерДарден и Лук Дарден
Во Белгија денес, мало момче и девојка адолесцент, кои допатувале сами од Африка, ги здружуваат силите во не- победливо пријателство против суровите услови на нивниот егзил. Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кинотека


20:30 часот
Крпеница – официјална селекција
Режија:ПетросЧараламбоус
Хара си го сака семејство, но сеедно, понекогаш размислува каков би бил животот без нив. Колебливото пријателство со една сра- межлива и пркосна девојка неумоливо ја принудува да се соочи со својот егзистенцијален гнев и болното минато што се обидува да го заборави.

22:30 часот
Рез – ретроспектива на ФатихХакин

Мардин, 1915 година: една ноќ, турската полиција ги собира сите ермен- ски мажи во градот, меѓу кои и младиот ковач, Назарет Манугјан, кого го разделуваат од семејството. Неколку години подоцна, откако ќе успее да ги преживее ужасите на геноцидот, ќе дознае дека неговите две ќерки се исто така живи. Ќе се опседне со идејата да ги пронајде и тргнува да ги бара. Потрагата го носи преку месопотамските пустини и Хавана до соголените и пусти прерии во Северна Дакота. За време на оваа одисеја, тој среќава многу различни луѓе: добродушни луѓе со ангелско срце, но и луѓе што се вистинско олицетворение на ѓаволот.

МКС парк
21:00 часот

Перики – МК кратки
Режија: Ангела Димеска

Адам е срамежлив тинејџер, кој сѐ уште ја истражува својата сексуалност. Овој негов внатрешен конфликт доаѓа до израз кога оди кај својата девојка Лена и прави сѐ што е во негова моќ за да избегне сексуален однос.

Како го дозволивте ова? – Официјална селекција
Режија: Јаир Ашер и АтамирЛапид
Јишај оди во посета кај семејство во Израел, во надеж дека ќе открие што со иднината. Се зближува со помладиот брат Омер, слободоумник по природа. Јишај наоѓа утеха во откачените и изненадувачки средби од минатото, но мора да ја земе предвид и својата иднина, како и климавиот однос со Омер.

Поп Ап кино
21:00 часот
Средно Водно

Злосторство на иднината – Гала селекција
Режија: Дејвид Кроненберг
Како што луѓето се приспособуваат на синтетичка среди-на, телото претрпува промени и мутации. Заедно со својата партнерка Каприс, познатиот уметник Саул Тенсер јавно ја прикажува метаморфозата на неговите органи преку аван- гардни перформанси. Тимлин, иследничка од Националниот регистар за органи, опсесивно ги следи нивните движења. Токму тогаш се открива мистериозна група… Нивната мисија е да ја искористат славата на Саул за да ја разоткријат след- ната фаза на еволуцијата на човекот.
Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во издание на „Македоника литера“ ОБЈАВЕНА КНИГАТА „ТИПОЛОГИЈА НА ПИСМОТО“ ОД ИГОР РАДЕВ

ОБЈАВЕН КНИГАТА „ТИПОЛОГИЈА НА ПИСМОТО“ ОД ИГОР РАДЕВ „Македоника литера“ деновиве ја објави научната студија …