Во Европа започнал нов топлотен бран. Метеоролозите: Сосема е необично! Еве што најавуваат од УХМР!

Помалку од еден месец од последниот топлотен бран, живата во термометарот денеска повторно се искачи на невообичаено високо ниво на Пиринејскиот Полуостров каде се измерени 42. Целзиусови степени и на југот на Франција. Сè почестата појава на топлотни бранови е директна последица на климатските промени, велат научниците, бидејќи се зголемува јачината, времетраењето и зачестеноста на емисиите на стакленички гасови.
Во Шпанија највисока температура од 43,3 степени Целзиусови е измерена во Канделеда, соопшти шпанската метеоролошка служба Аемет. Во другите градови на југот и во центарот, како Севиља и Бадахоз, измерени се 42. степени.

Ќе потрае
Овој нов топлотен бран, втор во еден месец по оној од средината на јуни, е „сосема необичен“ во земја каде што високите температури во лето не се невообичаени, рекол Рубен дел Кампо, портпарол на Аемет. Топлотниот бран започна во неделата и може да „трае од девет до 10 дена, така што тоа би можело да биде трет најдолг топлотен бран во Шпанија од 1975 година“, изјавил тој за Франс прес.
„Климатските промени се причина за почести и посилни топлотни бранови“, додал Дел Кампо, потсетувајќи дека нивниот број е двојно зголемен во земјата во последните дванаесет години.
Најлошото ќе биде помеѓу вторник и четврток, предупредува Аемет, кој не можел да каже дали ќе биде соборен апсолутниот температурен рекорд забележан во Шпанија (47,4 степени измерени во Монтор, во близина на Кордоба, во август 2021. година).
Во соседна Португалија за време на викендот температурата на некои места се искачила до 44. степени. Иако денеска температурата беше малку пониска, сепак во околината на Евора на југоисток се очекуваат 42. степени, соопшти националната метеоролошка служба која најавува нов пораст на температурата во вторник и среда.


This image has an empty alt attribute; its file name is leto-prognoza-2.jpg

Топлотен бран и во Франција
Во понеделник топлотен бран ја зафати и Франција од југозапад, објави Метео-Франција. Температурите на добар дел од француската територија надминаа 30 Целзиусови степени, а од вторник на места може да достигнат и 39.
Врвот на овој бран најверојатно ќе биде „помеѓу сабота и вторник“ на 19. јули, додава Себастијан Леас од Метео-Франција, истакнувајќи дека е премногу рано да се спореди феноменот со смртоносната топлина од летото 2003. година.
Во Велика Британија, каде во понеделник и вторник на југозапад се очекуваат 33. степени Целзиусови, Националната метеоролошка служба издаде т.н. портокалово предупредување за „екстремни горештини“ од недела, со температури над 35. степени.


Бранот ќе ја зафати цела Европа. Во Британија е издадено ретко предупредување
Како што се развива низок притисок кон западна Европа, оваа интензивна топлина ќе се прошири на север низ Франција, потенцијално ќе стигне до Обединетото Кралство до викендот, како и кон исток во поголемиот дел од централна Европа. Највисоките температури најверојатно ќе надминат 40. Целзиусови степени и во делови од Германија.
Велика Британија е во опасност да го собори температурниот рекорд на сите времиња од 38,7 степени поставен во Кембриџ во јули 2019. година. Метеоролошката канцеларија издаде предупредување за екстремна топлина. Вакво предупредување досега било издадено само два пати. Метеоролошката канцеларија ги советува луѓето да останат дома секогаш кога е можно и да пијат многу течности. Родителите се поттикнуваат да ја ограничат изложеноста на децата на сонце.
Температурите во делови од централниот и источниот Медитеран исто така ќе се зголемат за околу 10. степени над нормалата, надминувајќи ја границата од 40. степени во Италија и на Балканот, пишува Guardian.

This image has an empty alt attribute; its file name is leto-prognoza-3.jpg


Македонија
Од УХМР не даваат подолгорочна прогноза ниту пак предупредуваат за можен топлотен бран…
Денес се очекува сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер краткотрајно засилен вдолж Повардарието.
За утре се најавува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. УВ=8
Но, за наредните три дена (четврток, петок и сабота) се најавува зголемување на температурите.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …