(ВИДЕО) Ферари „пролетал“ низ тунел со 360 км/час

Читајќи ги техничките податоци на италијанскиот производител од Маранело, често изненадени ги триеме очите. Автомобилите на Ферари можат да бидат многу брзи.
Моделот F8 Tributo, кој повеќе не е во понуда, во моторниот простор крие 3,9-литарски V8 мотор кој развива дури 720 коњски сили.
Моќта се испраќа на задната оска заедно со 770 Nm вртежен момент. Според италијанските декларации, овој автомобил може да забрза од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди.
Забрзувањето од 0 до 200 км/ч е исто така кратко, само 7,8 секунди.
Од Ferrari наведуваат дека максималната брзина што ќе можете да ја постигнете со F8 Tributo е 340 км/ч. Но, сопственикот на црвениот модел од приложеното видео има поинакво мислење.
Влегувајќи во тунелот силно го притиснал гасот и не можел да поверува на податоците на брзиномерот. Со серискиот примерок успеал да достигне над 360 км/ч.

Фото: Ferrari


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …