Медот е традиционален лек против кашлица и болки во грлото, за подобрување на крвната слика, за болести на органите за варење, ја регулира интестиналната перлистабилност, ја помага концентрацијата и меморијата, а и многу други нарушувања успешно се лекуваат со мед. Ги спречува инфекциите, ги штити забите и коските, го намалува холестеролот, го подобрува варењето, ја создава многу потребната витална енергија и го подобрува расположението.
Ви донесуваме единствен рецепт од народната медицина, кој покажал моќни лековити својства за разни болести.
Најмоќниот препарат со мед и лук
Комбинацијата од мед и лук е ефикасна за подобрување на циркулацијата на крвта, делотворна е за воспоставување нормален крвен притисок и го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта. Ги намалува воспалителните процеси и го зајакнува имунитетот, ја смирува кашлицата и го лекува организмот од настинки или грип. Медот ги засилува благотворните својства на лукот, а се препорачува да се консумира секое утро на празен стомак.
Рецепт:
Сомелете 10. чешниња лук во блендер. Ставете го лукот во тегла и додадете една чаша мед. Затворете ја теглата и оставете ја на ладно место една недела. Овој лек земајте го секој ден, една недела, на празен стомак и само една кафена лажичка. Потоа, направете пауза неколку недели и повторете го земањето на овој лек. Додека го користите овој лек, се препорачува избегнување на мрсна храна, шеќер и брза храна.