(ВИДЕО+ФОТО) ЗДРАВОТО СРЦЕ СТИГНАЛО ВЕДНАШ ПО СВАДБАТА: Животот и љубовната приказна на пар од Торино го привлече вниманието на светската јавност

ДЕКА животот пишува романи се потврди уште еднаш, кога Маурицио (47) решил да се ожени со својата животна сопатничка Силвија (42), во болницата „Молинете“ во Торино, додека бил на интензивна терапија по катастрофалниот срцев удар, очекувајќи го најлошиот исход.

This image has an empty alt attribute; its file name is mauricio-vencavka.jpg
Двајцата живееле заедно шест години, имаат и двомесечна ќерка, а претходно закажаната свадба поради Ковид била одложена за септември годинава. Сепак, Маурицио доживеал ненадеен, масивен срцев удар во јуни, неговата клиничка состојба се влошила и само нечие донирано срце компатибилно за таа трансплантација можело да го спаси. Немало надеж, бил свесен дека најверојатно му се ближи крајот, живеел со помош на вештачко срце, но ситуацијата се влошувала. Го ставиле на списокот за итна трансплантација на органи преку Регионалниот центар за трансплантација во Пиемонт.


Затоа Мурисио решил да се ожени со својата Силвија, со цевчиња во неговото тело, а лекарите и персоналот се согласиле да ја подготват просторијата за интензивна нега како сала за венчавки. Букетот цвеќе за невестата бил направен од шарени капачиња од епрувети за крв, на дното од креветот ставиле фотографија од својата мала ќеркичка, а над нив шарени балони и срца кои лебдат во воздухот.
Ги венчало службено лице од Општината, а сведок бил еден од лекарите. На оваа необична церемонија имало многу измешани чувства и од младенците и од медицинскиот персонал: сите биле потресени, имало радост и тага… Главната мисла на сите им била дека ова е најверојатно крајот на животот, бидејќи надежта дека Маурицио ќе преживее била мала.


This image has an empty alt attribute; its file name is mauricio-vencavka-1.jpg
И тогаш, како во филмот, судбоносен пресврт: само неколку часа по свадбената церемонија стигнала чудесната вест дека е пронајдено соодветно срце за трансплантација, донатор од Неапол, град оддалечен стотици километри. Болницата договорила итно испраќање на органот, со специјален лет, салата била готова, а срцето пристигнало 12. часа по венчавката. За време на операцијата, која траела повеќе од седум часа, неговата вознемирена сопруга чекала со надеж дека се’ ќе заврши како што треба. И да, новото срце на младоженецот, ја информирале лекарите, почнало да функционира.
И постоперативниот период, засега, оди добро, Маурисио се чувствува добро.
– Животни сопатници родени по втор пат, почеток на нов живот и заедничка среќа – коментирал за италијанските медиуми генералниот директор на болницата „Молинете“ од Торино, д-р Џовани ла Вале.

This image has an empty alt attribute; its file name is mauricio-vencavka-2.jpg


НЕОБИЧНО
ДОДЕКА драмата се одвивала во болница, двомесечното девојче на Маурици и Силвија било во сигурни раце. Еден ден, кога ќе порасне, ќе и раскажат една необична животна приказна и ќе и покажат свадбени слики кои сигурно нема да личат на оние од повеќето родителски прослави. Чудата, се чини, сè уште постојат, барем кога е во прашање модерната медицина.

Извор: nanopress.it

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …