(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ четврти пат по ред шампион на Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е крал на Вимблдон четврта година по ред! Третиот тенисер на светот во финалето на турнирот во Лондон го совлада Ник Киригиос со 4:6, 6:4, 6:4 и 7:6 (3) за три часа и две минути игра и го крена пехарот на најпрестижниот турнир во светот по седми пат.

Триесет и петгодишниот белграѓанец го одигра 32. Грен слем финале во кариерата, кое на никој пред него не му успеа, го освои 21. трофеј, а и тоа што е во серија од 28. победи на Вимблдон е неверојатно.
Рафаел Надал е лидер на вечната листа со 22. титули, додека Роџер Федерер падна на третата позиција со 20. Ѓоковиќ веќе би можел да го „нападне“ Шпанецот на УС Опен, но поради ограничувањата за невакцинирани лица има минимални шанси да добие настап на турнирот во Њујорк.
Третиот светски играч, значи, ја забележа седмата победа во осмото финале во главниот град на Англија, а повеќе Грен слем трофеи освои само на Австралија Опен – девет. Има три од УС Опен и два од Ролан Гарос.


Ѓоковиќ ги брка Борг и Роџер
Во опен ерата (од 1968 година), само Бјорн Борг и Роџер Федерер го освоија Вимблдон пет пати по ред. Пит Сампрас и сега Новак имаат по четири пехари по ред.

Повеќе трофеи од Новак во Лондон има само Роџер Федерер (осум), додека Србинот ја дели втората позиција со Пит Сампрас.
Ѓоковиќ ќе биде побогат за два милиони фунти, Киргиос ќе добие половина, но победникот, како што се договориле пред финалето, ќе ја плати вечерата…

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …