(ФОТО) Ферстапен рутински до победа во спринтот на „Ред Бул Ринг“

Актуелниот шампион Макс Ферстапен триумфираше на втората спринтерска трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 и со тоа ја освои најдобрата стартна позиција пред Големата награда на Австрија, 11-та трка во сезоната.
Холанѓанецот водеше од почеток до крај, низ кој мина секунда и половина пред возачот на Ферари, Шарл Леклер. Третото место го зазеде минатонеделниот победник на „Силверстоун“ Карлос Саинс јуниор, кој заостануваше четири секунди зад својот тимски колега.


Верстапен немаше тешка задача да ја претвори првата позиција на стартот од спринтерската трка во пол-позиција за главната, бидејќи брзо се одлепи од двоецот на Ферари. Саинс беше тој што почна полесно, но Леклер набрзина почна да го предизвикува, па двајцата се разменија неколку пати на втората позиција, за Монегаскиецот во еден момент да направи разлика.

Најдобар меѓу останатите беше Џорџ Расел во Мерцедес, кој практично беше неприкосновен во текот на 23 круга, а го следеше вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој имаше голем напредок откако стартуваше од 13. позиција поради казна во квалификациите. Шести беше Естебан Окон во Алпин, пред возачот на Хаас, Кевин Магнусен и седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој имаше долга битка со Мик Шумахер. Британецот во самиот финиш успеа да го надмудри возачот на Хас и воедно да ги комплетира бодовните освојувачи на втората спринтерска трка во сезоната. Шумахер беше деветти, пред Валтери Ботас во Алфа Ромео, кој ќе стартува од последната позиција во недела, поради промена на погонската единица.
Покрај доминацијата на Ферстапен, саботата на „Ред Бул Ринг“ ја одбележа и тоа што двократниот светски шампион Фернандо Алонсо не ни стартуваше поради проблеми со својот болид, како и инцидентот меѓу Себастијан Фетел и Алекс Албон.

Возачот на Астон Мартин го извлече подебелиот крај по контактот со Тајланѓанецот, а иако излета од патеката и успеа да се врати на патеката, тимот во финишот го повлече од трката. Така, четирикратниот светски шампион ќе стартува како 18., пред Алонсо и Ботас.
Покрај Алонсо, на патот до стартниот поредок застана и болидот на возачот на Алфа Ромео, Гуанџу Џоу, поради што стартот беше одложен, а трката беше скратена за еден круг.
Трката за Големата награда на Австрија е закажана за недела во 15. часот, со директен пренос на Sport Klub HD.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ во финалето во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ е во финалето на турнирот во Тел Авив. Србинот во полуфиналето го скрши …