(ФОТО) ИМАЛА 39. ГОДИНИ – Поранешна бразилска манекенка починала како последица на задушување во запален бункер во Харков

Поранешната бразилска манекенка и снајперист Талита до Вале (39) починала како последица од задушување после рускиот ракетен напад врз Харков.
Талита починала откако се нашла заклучена во запален бункер, открил нејзиниот брат Тео.
„Талија се нашла заробена во запален бункер. Почина од задушување, не ја погодиле шрапнели”, изјавил Тео за странските медиуми.
На истото место починал и нејзиниот пријател, поранешниот бразилски војник Даглас Бурига (40), кога се вратил да ја спаси манекенката.

Талита била во Украина само три недели, а работела и на спасувачка работа, меѓу другото, внимавајќи да обезбеди заштита на оние што бегаат од руските сили, пишува Mirror.
Откако го преживеала бомбашкиот напад во Киев, таа стапила во контакт со родителите, велејќи им дека не може многу да зборува бидејќи ја набљудувале „руски дронови“. Последен пат се слушнале во понеделник, 27. јуни, непосредно пред да влезат во Харков.


Талита работела како модел и актерка, но имала и своја „посилна“ страна. Таа се борела во Ирак против ИСИС, а своето храбро патување во војската го документирала на YouTube. Во тој период таа им се придружила на елитните сили Пешмерга кои се борат во Курдистан.
Пред да се приклучи на армијата, таа волонтирала во неколку невладини организации за спасување животни. Нејзиниот брат истакнал дека Талита секогаш се трудела да ги спасува другите.
„Сестра ми беше трогната од чувството да спасува луѓе или животни. Таа секогаш беше мирна. Оружјето е дел од контекстот, на војната, но таа спаси животи, спасуваше животни”, рекол Тео.


Покрај манекенството и глумата, Талита била и студентка по право, но и писателка, а со поранешната колешка Буриг соработувала да го преточи своето искуство во книга.
По веста за нивната смрт, тие на социјалните мрежи се простија од манекенката и нејзиниот пријател.
„Храбри луѓе, ви благодариме за вашата жртва. Нека почиваат во мир вашите убави и чисти души“, напишал еден корисник.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОМЕНТИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ЗАПОМНАТ – Прекрасните бебиња близнаци се „препознале“ по прв пат, нивните насмевки кажале се!

Иако понекогаш се караме со нашите браќа и сестри, таа љубов е огромна и значи …