Репертоар на 21. CINEDAYS за 9.7.2022 / 10.7.2022

ГТЦ Кров

9.7.2022


20:30 Злосторства на иднината
Режија – David Cronenberg2022, Канада, Грција, Франција, Велика Британија
Како што луѓето се приспособуваат на синтетичка средина, телото претрпува промени и мутации. Заедно со својата партнерка Каприс, познатиот уметник Саул Тенсер јавно ја прикажува метаморфозата на неговите органи преку авангардни перформанси. Тимлин, иследничка од Националниот регистар за органи, опсесивно ги следи нивните движења. Токму тогаш се открива мистериозна група… Нивната мисија е да ја искористат славата на Саул за да ја разоткријат следната фаза на еволуцијата на човекот.

ЗЛОСТОРСТВА НА ИДНИНАТА


10.7.2022


20:30 Вечно Млади
дир. Валерија Бруни Тедесчи
Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат приемен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во Театарот де Амандје во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја искусат пресвртницата на своите животни, но и првата трагедија.

ВЕЧНО МЛАДИ

Кино Милениум
јули 9, 2022, 22:30
БРОКЕР
режија Хирогазу Коре-еда

Санг-Хјеон е сопственик на пералница и волонтер во блиската црква, каде што работи неговиот пријател Тонг-Со. Заедно водат нелегален бизнис: Санг-Хјеон повремено краде бебиња од црковната „бебешка кутија“ со помош на Тонг-Со, кој ги брише снимките од безбедносните камери на црквата што покажуваат дека бебето било таму, па потоа ги продаваат на црниот пазар за посвојување деца. Но кога една млада мајка, Со-Јоунг, се враќа откако си го остава бебето, ги открива и решава да тргне на патување со нив, да ги интервјуира потенцијалните посвојувачи на бебето. Во меѓувреме, две детективки, Со-Чен и Ли, им влегуваат во трагата.

Јули 10, 2022 22:30

ЅВЕЗДИ НА ПЛАДНЕ

1984 година во Никарагва, мистериозен англиски бизнисмен и тврдоглава американска новинарка започнуваат романса откако се вплеткуваат во опасен лавиринт на лаги и заговори и принудени се да се обидат да побегнат од земјата.

Кинотека
јули 9, 2022 20:30

ПЛАНЕТА НА ОВЦИТЕ
Дир. Марвин Ендхолд
Раскажансохумор и топлина, овојдокументарецјаистражуванераскинливатаврскамеѓулуѓето и нивнитеволненипријатели, којатраецели 11.000 години. Денесимаповеќеодмилијардаовцинасветот. А сега е времедапогледнемевонивнатасегашност и иднина.

SEE програма
јули 9, 2022 22:30
НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА
Дир Соња Тарокич
Анамарија почнува нова работа како педагог во училиште, место полно со ситни конфликти и клики. На почетокот се труди да се држи настрана од борбите за превласт меѓу директорката, наставниците и родителите, посветувајќи се само на својата работа со децата. Но како што го запознава системот подобро, Анамарија сфаќа оти за да опстои во него мора да си го жртвува интегритетот и да се вклучи во играта.

Официјална селекција
јули 10, 2022 20:30
КРAT

This image has an empty alt attribute; its file name is KRAAT-2.jpg
Децата ги оставаат кај баба им без смартфони. Реалниот живот им се чини здодевен додека не најдат инструкции за крат – волшебно суштество што ќе направи сѐ што ќе му каже господарот. Сега само треба да купат душа од ѓаволот.

Ретроспектива
јули 10, 2022 22:30

НА РАБОТ НА РАЈОТ

режија – Фатих Акин
2007, Германија, Турција

Неџет не одобрува што неговиот татко вдовец Али, решава да живее со проститутката Јетер. Но му станува драга кога открива дека ѝ праќа пари во Турција за факултетското образование на ќерка си. Ненадејната смрт на Јетер ги дистанцира таткото и синот. Неџат оди за Истанбул да ја побара Ајтен, ќерката на Јетер. Политичката активистка Ајтен побегнала од турската полиција и веќе е во Германија. Таму се здружува со младата Лоте, која ја кани бунтовната Ајтен да престојува во нејзиниот дом, гест што не ѝ се допаѓа на нејзината конзервативна мајка Сузана. Кога Ајтен е уапсена и барањето за азил одбиено, ја депортираат во Турција, каде што завршува во затвор. Лоте оди во Турција, кај што запаѓа во навидум безнадежните напори за ослободување на Ајтен.

МКС парк

МК кратки
јули 9, 2022 21:00 ЖИВОТ ВО МЕУР
режија: Никола Дрвошанов, Натали Макмахон

SEE програма
јули 9, 2022веднаш по „Живот во Меур“
„ПО ЗИМАТА“

Петмина пријатели од мало црногорско гратче сѐ уште го негуваат пријателството, и покрај тоа што се раселени низ поранешна Југославија. Во текот на една година, по низа животни пресвртници, сфаќаат дека младоста нагло им завршува. По зимата, секој од нив ќе мора да изгради нов свет за себе.

23:00 Доуп Куќата и Бон Праскиза x Секси Марса
Билети остануваат по фестивалски 200 денари, локацијата е МКЦ парк, почетокот е закажанза 23:30 (веднаш после филмската проекција)
Dope kukjata е рап колетив група, формирана во 2017 година. После неколку ротирања, Dope kukjata е составена од 7 најдобри напаѓачи од градот Скопје. Спремни за секакви предизвици со нашите фанкиритми, луди шеми на рими и харизматилни персони, правиме настапи во живо за паметење и танцување. Нашиот прв албум “3018” е издаден јуни 2018. Албумот е прекрасна кохезија на пострап, алтернативен рап и други субжанрови на рап. Со напорна работа низ години, искочија неколку изданија од фурната на Dope kukjata. Најзначаен проект е на Lukas Pomatski – Sam doma, каде во екот на короната се собираат во групен чат на Facebook и преку voice recorder ги снимаат текстови, се во период од 2 недели

Dope Kukjata се:

-Никола Ристески (Piki)
-Лука Кантарџиев (Lux Kmala)
-Лазар Христов (Laz Vegjas)
-Стефан Вујисич (Vuisah)
-Јасмин Реџовиќ(JASmin)

-Ведран Шурбановски (VecVajsVers)
-Драган Стојановски (Gago)
Ди Џеј Јане Вељаноски (Peteljavashe)

BON PRASKIZA x SEXY MARSA заменски гостуваат на годинешново CINEDAYS издание. И покрај тоа што се Хип Хоп министри, се големи љубители на седмата уметност, поготово на продукцијата на Џеки Чен.
Ем филмот им е животот, ем животот им е филмот.

Поп Ап кино

9.7.2022

21:00 Крацери

This image has an empty alt attribute; its file name is Logo_Kraceri_V13-03.jpg

Крацери, програма од кратки жанровски филмови: комедија, научна фантастика, трилер, хорор, еротика, ноар, вестерн, акционен, танц, експериментален и ангажиран филм.
Музеј на современа уметност

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Слушачка промоција на бендот „Red18“ – за гостин најавен “Димиш”

Откако „Red18“ го издадоа албумот Red18’s Grit, ја закажаа и нивната слушачка промоција на албумот, …