Починал актерот од филмот „Сам дома 3“

Актерот Лени Фон Долен, еден од негативците во филмот „Сам дома 3“, починал на 5. јули на 63-годишна возраст, потврди неговиот агент за Variety.

View this post on Instagram

A post shared by Twin Peaks UK Festival (@twinpeaksukfest)

loading...

„Актерот почина во четвртокот во својот дом во Лос Анџелес по долго боледување“, изјавил агентот Стивен Волф.
Сестрата на Лени, Кетрин фон Долен, се простила од својот брат на Фејсбук:


This image has an empty alt attribute; its file name is sam-doma-so-sestra-mu.jpg

„На 5-ти јули, светот загуби еден прекрасен човек. Брат ми Лен беше страствен за сè и секого. Тој секогаш водеше сè, без разлика дали тоа беше возбудлив разговор, уметничка креација или патување на нови места. Тој сакаше да ги насмее сите. Тој продолжува со своето духовно патување“, додала Кетрин, а во коментарите следеа зборови на поддршка и сочувство.


This image has an empty alt attribute; its file name is sam-doma-scena.jpg

Покрај улогата во филмот „Сам дома 3“, Лени е познат и по улогите во „Твин Пикс“, потоа во филмовите „Electric Dreams“, „Tollpooth“, „Bird of Prey“, „One Good Turn“, „Забавни ангели“ и „Кадилак“, како и во сериите „Miami Vice“, „The Equalizer“, „Walker Texas Ranger“, „Red Dwarf“, „The Pretender“ и многу други.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што …