(ФОТО) ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ – КИМ КАРДАШИЈАН НАСТРАДАЛА ПОРАДИ СТРОГАТА ДИЕТА: Болеста на кожата ја уништила! „Не можев да ги мрдам рацете!“ Еве што јадела!

Реалната ѕвезда Ким Кардашијан, која вообичаено се храни со растителна храна, за Allure изјавила дека конзумирала месо поради строгата диета со која сакала да изгуби дури 15. килограми за да „влезе“ во иконскиот фустан на Мерлин Монро. Меѓутоа, поради ова таа добила хронична воспалителна болест на кожата, со која Ким има проблеми со години.
– Псоријазата ми изби по целото тело и добив псоријатичен артритис, па не можев да ги мрдам рацете – рекла Ким.
– Беше исклучително болно и морав да одам кај ревматолог кој ми даде стероиди. Бев целосно вознемирена – додала таа.

Според клиниката Мајо, псоријазата е кожна болест која предизвикува осип со чешање, лушпести дамки, најчесто на колената, лактите, телото и скалпот.
Иако со години користела хомеопатски лекови, таа во 2018. година се свртела кон медицината, кога дознала дека боледува од оваа болест.
– Порано не беше вака и во овој момент тоа не можам ни да го покријам – им напишала еднаш на своите следбеници на Твитер.



Истата година, таа споделила и селфи со своите обожаватели, откривајќи дека псоријазата се проширила на нејзиното лице.
Во 2019 година, Ким ја детализираше својата борба со болеста на страницата на нејзината сестра Кортни Кардашијан, споделувајќи го моментот кога болеста првпат се појавила и Ким не можела ни да го земе телефонот или да ги измие забите.

На почетокот, таа претпоставувала дека едноставно претерала со вежбање, но како што одминувал денот, реалната ѕвезда чувствувала дека колку повеќе ги мрда рацете, толку повеќе болка чувствува, дури и во коските.

– Почнав да плачам и се чувствував целосно изгубена – рекла Ким.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Жените родени во овие знаци се најпосакуваните партнери и сопруги

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …