(ФОТО) ВИМБЛДОН – Надал се повлече: „Не можам вака да победам два меча!“

Рафаел Надал се повлече од Вимблдон.
Шпанскиот тенисер во петок нема да игра во полуфиналето на Вимблдон. Ник Киргиос на тој начин веќе обезбеди пласман во финалето.
Одлуката за повлекувањето, за што во вчера се одржа вонредна прес-конференција, Надал ја донесе по лесниот тренинг во четвртокот кој траел околу 45. минути.
Потоа околу 14. часот ги извести организаторите на турнирот дека нема да може да игра поради проблеми со стомачните мускули за кои веќе пишувавме вчера.

View this post on Instagram

A post shared by رابطة مشجعي رافائيل نادال (@rafansarab)

loading...


На тренинзите Надал можеше да игра форхенд и бекхенд, но не беше во можност да ја исфрли топката и да сервира.
Се обиде да ги прилагоди движењата и да го намали оптоварувањето на стомакот, но ниту тоа не помогна.
„За жал, морам да се повлечам од турнирот. Ме видовте како се мачам вчера, знаев дека нешто не е во ред. Имам руптура на мускулот, цел ден размислував каква одлука да донесам, но мислам дека нема поента иако многу пати се обидов да продолжам понатаму низ тешките околности. Сега повредата би се влошила“, изјавил Надал на почетокот на прес-конференцијата.

„Одлуката ја донесов затоа што мислам дека не можам да победам на два вакви натпревари. Не само што не можам да сервирам со полна брзина, туку не можам ни да го изведам сервисот како што треба. Не сакам да излезам на теренот и да не бидам конкурентен и да ја влошам ситуацијата“.
„Неодамна ми беше тешко со стапалото, но сега е подобро. Најважна е среќата, повеќе од која било титула, иако сите знаете колку труд вложив. Не би сакал да ризикувам да ме нема два или три месеци, но многу сум тажен“, продолжи Шпанецот.

View this post on Instagram

A post shared by Ron Wood (@playwright_truth)


„Пред неколку дена имав мал проблем, сега се претвори во поголем. Обично паузата за вакви повреди е три или четири недели, се надевам дека ќе можам да го одиграм календарот што го поставив. За една недела би требало да можам да играм од основната линија, без сервирање“.
„Цел ден и ноќ размислував што да правам и сфатив дека немам шанси за победа, дека тоа е практично невозможно. Имав слично искуство на УС Опен во 2018. година, кога на крајот морав да му предадам на Дел Потро во полуфиналето. Ова многу ме боли“, повторил Шпанецот.
„Играв добро, бев во полуфиналето и имав шанса да ја освојам титулата. Оваа одлука ме боли, бидете сигурни во тоа, но со нетрпение ги очекувам моите идни цели“, заклучил Надал.

Ник Киргиос така стигна до своето прво Грен слем финале во кариерата без борба во полуфиналето. Неговиот ривал ќе биде подобриот од мечот во кој Новак Ѓоковиќ игра против Камерон Нори.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …