(ФОТО) КАКВА ПРИКАЗНА – ТАА УМИРАШЕ ОДВНАТРЕ! БЕШЕ ПРЕКРАСНА, НО ПСИХОТИЧНА: Родителите ја споделиле шокантната приказна на ќерката и ги предупредиле сите за подмолната БОЛЕСТ!

Медлин Билингс починала од анорексија, а според нејзините родители, таа се изгладнувала половина живот. Нејзините родители гостувале на една американска телевизија и ги споделиле ужасните работи низ кои поминала нивната ќерка за време на оваа болест. Таа имала само 23 години.

This image has an empty alt attribute; its file name is medlin-1.jpg
Медлин Билингс од Денвер, Колорадо починала во сон на 30. декември 2021. година, по долгогодишна борба со нарушување во исхраната. Сега нејзините родители Ник и Лиза ги споделиле потресните детали од нејзините последни денови, објаснувајќи за емисијата „Today“ каков бил животот на нивната ќерка во канџите на анорексијата.
„Таа беше прекрасна, но и психотична. Мислам, во разговорите што ги имав со неа во последната недела од нејзиниот живот, тоа не беше Меди. Сето тоа беше болеста”, рекол Ник (53), а пренесува британскиот „Daily Mail”.
Ник објаснил дека неговата ќерка била опседната дали случајно испила голтка газиран пијалок наместо диетален пијалок.


This image has an empty alt attribute; its file name is medlin-2.jpg
Таткото рекол и дека била опседната со газирани пијалоци и други пијалоци и дека со часови разговарал со неа за тоа, а мајката Лиза (54) додала дека Меди била свесна за ризикот од болеста, но дека „суровите и критички гласови“ од „нарушувањата во исхраната секогаш се враќале да ја прогонуваат“.
Родителите рекле дека првпат забележале дека нешто не е во ред со Меди кога имала 13. години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …