Намирници за кои ќе бидете ШОКИРАНИ кога ќе дознаете дека имаат повеќе ШЕЌЕР од обично чоколадо

Кога зборуваме за шеќер, најчесто во главата го поврзуваме само со слатки
Но, вистината е дека шеќерот се крие насекаде – и во солени и во слатки производи, и во течна и во цврста форма. Ви откриваме во кои производи имате повеќе шеќер отколку во едно обично чоколадо.

Сок од јаболко
Една порција сок од јаболко има 31. грам шеќер, што е речиси исто како еден ред чоколадо. Сепак, сокот од јаболко е без маснотии, со малку натриум и обезбедува калиум, важен микронутриент. Ако барате сок од јаболко со помалку шеќер, најдобро е сами да направите сок за да се уверите дека нема додаден шеќер и да барате јаболка што имаат помалку шеќер во нив.


Јогурт
Многу видови на јогурт се изненадувачки богати со шеќер. Во некои чаши биле пронајдени дури 28. грама шеќер. Шеќерот се добива од природните шеќери во млекото и овошјето, како и од додадените шеќери. Ова важи и за обичните јогурти, додека ситуацијата е многу полоша со слатките јогурти. Сепак, за разлика од ред чоколадо, јогуртот има свои други состојки кои се здрави, па затоа треба да користите природен јогурт и да купувате од докажани места, а не во маркет.

Смути
Измешаното слатко овошје и зеленчук во сок може да биде богато со природни или додадени шеќери. Иако смутито делува како совршено природен и здрав напиток кој ќе ни ги обезбеди сите потребни состојки, тоа е делумно точно. Тие ќе ни обезбедат влакна и витамини кои се наоѓаат во овошјето, но исто така ризикуваме да внесуваме повеќе шеќер отколку што треба. Затоа е важно самите да правиме смути или да ги купуваме од докажани места. Во маркетите, смутите ќе бидат збогатени со дополнителни шеќери за да бидат повкусни и помалку кисели.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …