(ФОТО) ГО ПРОДОЛЖУВА ДОГОВОРОТ – Ибрахимовиќ дефинитивно реши да остане во Милан, ќе заигра на почетокот на 2023 година

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно решил да го продолжи договорот со Милан, објави угледниот италијански стручњак за трансфери Фабрицио Романо.
Иако во октомври ќе наполни 41. година, Ибрахимовиќ сепак сака да игра фудбал, а се согласил да ја продолжи соработката со италијанскиот шампион.
Да потсетиме, по сезоната во која клубот од Милано ја освои титулата, шведскиот напаѓач беше опериран на коленото поради што не може да се врати на терените до почетокот на 2023. година, а со Милан се договорил за нов договор на една сезона. .

Минатата сезона Ибрахимовиќ одигра 27. натпревари на кои постигна осум и асистираше на три гола.
Златан се согласил на значително намалување на платите, која досега изнесуваше седум милиони евра, а сега ќе изнесува меѓу 1 и 1,5 милиони евра, но со бонуси кои ќе зависат од бројот на голови и асистенции.


View this post on Instagram

A post shared by AC Milan (@acmilan)

Официјалното потпишување на договорот се очекува во наредните денови.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КРАЈ НА ГРУПНАТА ФАЗА – Пред нас е голем ден на Светското првенство: Србија сака да се одмазди – се збогуваме со фаворитот од сенка?

Остануваат уште четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар и тие се …