ПРОБАЈТЕ И ВИЕ – Користете го овој трик за да препознаете дали маслиновото масло е квалитетно и чисто

Ако често се двоумите за тоа кое маслиново масло да го купите и како да знаете дали е квалитетно и чисто, лесно можете да го препознаете користејќи едноставен трик.
Иако на повеќето луѓе сите шишиња маслиново масло изгледаат исто и ќе верувате во она што го пишува на етикетата, експертот за интегративна исхрана, д-р Кортни Свон вели дека куповните брендови на маслиново масло не се ни приближно со ист квалитет, и дека дури 75. до 80. отсто од производите на полиците на продавниците не се поврзани со напишаното на нив.
„Дури и ако на шишето масло пишува дека е 100. проценти маслиново масло, тоа не мора да биде случај, бидејќи производителите и трговците често додаваат масло од соја, масло од канола и сончогледово масло во маслиновото масло за да заштедат“, вели експертот.

This image has an empty alt attribute; its file name is maslinovo-maslo-1-zdravje.jpg


Како да знаете дали чистото маслиново масло е навистина чисто?
„Карактеристични се две работи. Кога ќе го истурите, треба да има многу темно зелена боја, а кога ќе го вкусите, неговиот вкус треба да биде многу остар“, вели таа.
Иако е сè уште важно на шишето да пишува 100. отсто маслиново масло, не треба да го прифаќате зборот на секоја марка, додава таа, па затоа е добро да направите дополнително истражување пред да го купите.
„Доброто маслиново масло не само што го подобрува вкусот на храната, туку може да го подобри и здравјето со текот на годините, бидејќи е полно со здрави масти, антиоксиданси и витамини и е значително помалку преработено од многу други“, заклучила таа.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – 300 ПРЕЉУБНИЦИ ГИ ОТКРИЛЕ ПОМОЛНИТЕ ТРИКОВИ СИ КОИ ЈА КАМУФЛИРААТ ИЗМАМАТА: ОВИЕ ДВЕ СТРАТЕГИИ НАЈЧЕСТО ГИ КОРИСТАТ! Една е ТЕШКО да се забележи!

Можеби не сте свесни за тоа, но аферите и изневерувањето во врските и браковите се …