(ФОТО) На кафе со… Што му рекол Ѓоковиќ на Федерер?

Фотографијата на Новак Ѓоковиќ како му шепоти нешто на Роџер Федерер за време на прославата на стогодишнината на Централниот стадион на Вимблдон го обиколи светот.
Интернетот на свој начин се пошегуваше за тоа, како и секогаш, па го прашавме Новак што навистина е кажано.


„Мислете: „На кафе со…?“, се насмеа Новак на прашањето на новинаирте на Спортклуб и додал:
„Му реков дека луѓето многу го сакаат и дека убаво го поздравуваат и дека треба да се врати да игра барем уште еднаш – како што самиот најави. Сите видовме колку посебен беше моментот кога тој излезе. Целиот стадион се крена на нозе, покажаа колку луѓето го ценат, почитуваат и сакаат – и тој навистина е легенда во секоја смисла“.
Ѓоковиќ повтори дека Федерер е еден од најголемите ривали што ги имал во кариерата.
„Некако чудно е што не го гледаме на турнирите. Веќе неколку години се справува со повреди, има одиграно можеби само неколку турнири – а и самиот кажа дека имал чудно чувство што дошол на Вимблдон без да биде активен учесник. Мислам дека за спортот е многу важно што повеќе да играат такви играчи, бидејќи тоа сепак привлекува големо внимание и придонесува за доброто на сите нас колективно“.
Новак се осврна и на останатите легенди кои беа присутни на церемонијата.

„Ова се навистина најголемите имиња на нашиот спорт, луѓе кои ја одбележаа неговата историја и историјата на овој турнир – и го отворија патот за сите нас. Пред се мислам на претставници на постарите генерации како што се Борг, Мекинро, Били Џин Кинг – луѓе кои оставија длабока трага во нашиот спорт на теренот и надвор од него. Тие ни овозможија да имаме тенис каков што е денес – спорт следен на глобално ниво. Се обидувам да ги ценам сите тие моменти и да научам што е можно повеќе информации за неговата историја – бидејќи има толку многу работи што сè уште не ги знам, како што реков денес на теренот. Разговарав многу со Били Џин Кинг пред и по церемонијата и научив нешто ново од тоа. Церемонијата беше уникатно и несекојдневно искуство – и иако натпреварите почнаа доцна и завршија доцна поради тоа – вредеше“, заклучил Ѓоковиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

Новак се среќава со Јаника Синер во четвртфиналето на Вимблдон во вторник од 14:30 часот, со директен пренос на Спорт Клуб.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ во финалето во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ е во финалето на турнирот во Тел Авив. Србинот во полуфиналето го скрши …