(ВИДЕО+ФОТО) Голем пресврт на Ѓоковиќ за полуфинале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ по трет пат во кариерата на Вимблдон успеа да го добие мечот, откако загуби два сета. По голем пресврт, Србинот го совлада Италијанецот Јаник Синер со 5:7, 2:6, 6:3, 6:2 и влезе во полуфиналето на најпрестижниот турнир во светот. За место во финалето, Новак ќе ги одмери силите против подобриот од дуелот Нори-Гофан.

View this post on Instagram

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

loading...

Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и поведе со 4-1, се чинеше дека лесно ќе стигне до првиот сет. Србинот пропушти и една брејк топка за 5-1 и од тој момент се’ се сврте во корист на младиот Италијанец. Синер играше како во транс, освои шест од седум гејма и стигна до првиот сет.
Истиот тренд продолжи и во вториот сет. Италијанецот целосно ги контролираше случувањата на теренот. Тој направи брејк во третиот гем, додаде уште еден во седмиот и стигна до сетот за пласман во полуфиналето.


Меѓутоа, тогаш Новак се разбудил. Веќе на стартот од третиот дел јасно стави до знаење дека е во многу подобар ритам. Тој го брејкна сервисот на својот ривал во четвртиот гем и започнува лавина. Без многу мака ја приведува работата во третиот сет и намалува на 2:1.
Србинот беше уште подобар во четвртиот сет. За час поведе со 4:0 со одлична игра и беше јасно дека мечот оди во петтиот сет. Синер успеа да освои само два гема и мечот влезе во петтиот сет.

Беше јасно дека Новак има многу повеќе искуство во овие ситуации. Јаник водеше со 1:0 во петтиот сет, но Ѓоковиќ лесно израмни и потоа го направи како што се покажа решавачки, брејк за 2:1. Веќе немаше дилема и Србинот четврта година по ред се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ИСПУШТАЊЕ НА CO2 – Меси, обвинет за загадување на воздухот, го направил она што на просечниот човек му требаат 150. години за да го направи

Француските медиуми објавија дека приватниот авион на Лионел Меси извршил 52. лета во последните три …