Фотографијата од Србија станала хит – луѓето велат дека докажува дека денешната младина не е самостојна

На Твитер веќе неколку дена се разговара за фотографијата која е направена пред Медицинскиот факултет во Ниш, а на која стојат поголема група родители. Авторот на фотографијата во описот тврди дека се работи за родители кои чекаат нивните деца да го напишат приемниот испит.
„Многу родители чекаат, треперат и кршат прсти. Мојата генерација се срамеше ако мама и тато ти дежураат додека го полагате тестот. Но, сè се смени и ова е показател дека младите сега не се независни. Тоа не е нивна вина“, напишала таа и отворила интересна дискусија.
„Мене само во во прво одделение ме доведоа само да се сретнам со наставникот, потоа се сама“, „Како некој кој дежура на приемниот на универзитетот, само да ви кажам дека моравме да ја заклучиме зградата и да забраниме влез за грижливите родители, кои не можат да сфатат дека тие не полагаат, туку нивното дете“, „Во мое време беше срамота родителите да одат со тебе да се запишео во средно, а камоли да се запишам на факултет“, некои се согласија со авторот. Сепак, имало и такви кои веруваат дека таа претерува.


„Да не беше тато до мене кога го полагав приемниот испит за факултет, ќе ми беше уште потешко. Нема срам да признаеш дека ти требаат твоите родители во некои ситуации и дека се уште не си независна на 19. или 20. години”, „Тоа се само родители кои се грижат и им даваат поддршка. Одлична фотографија”, „Како тоа ги прави независни? Па немаат приемни на кои родителите пишуваат за нив. Убаво е што тие ги чекаат. Тоа се многу веројатно родители од други градови/населени места инаку би си оделе дома и би се вратиле по нив.Во секој случај родителската поддршка значи многу“, „Не гледам ништо негативно во тоа што дошле да ги подржуваат своите деца за време на еден ваков голем животен настан, и некому токму тие родители им значат повеќе од се“, вели другата страна.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„НИКОГАШ НЕМА ДА ПОРАСНАМ! СЕ УШТЕ ВЕРУВАМ ВО ЧУДА, ЉУБОВ И ДОБРИ ЛУЃЕ“: 14. пораки кои ќе донесат среќа кога деновите се мрачни

14. цитати за животот, љубовта и среќата – ви помагаат да живеете поедноставно, полесно и …